Утрински Весник
Македонија

Трет ден во Прилеп нема новозаразени, но се зголемуваат прекршочните пријави за неносење маски

Трет ден во Прилеп нема новозаразени, но се зголемуваат прекршочните пријави за неносење маски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилеп, 9 јуни 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска нема регистрирано нови случаи на заболени од коронавирусот што е трет последователен ден. Денеска се евидентирани двајца кои оздравеле и во моментов во Прилеп се вкупно 25 активни случаи. Од нив 20 пациенти се наоѓаат на домашно, а пет на болничко лекување. Инаку, од почетокот на пандемијата вкупниот број заболени во Прилеп е 218.

На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани три лица позитивни на коронавирусот, додека на две лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во последно време се заострени контролите на полицијата за носење заштитни маски и речиси секојдневно во Прилеп има повеќе од 10-ина прекршочни пријави. Во текот на вчерашниот ден се изречени најмногу, вкупно 48 прекршочни пријави за неносење заштитни маски. Во центарот на градот полицијата дури им објаснуваше на минувачите колку е битно за заштитата носењето маски на лицето и држење физичка дистанца. ем/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk