Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Трета жртва од коронавирусот во земјава

Трета жртва од коронавирусот во земјава
300x250 opst2

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – На Клиниката за инфективни болести денеска починала 66-годишната пациентка од Дебар заболена од коронавирусот, која подолго време беше на респираторна машина.

-Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот, пациенктка која подолго време беше на респираторна машина. Пациентката беше од Дебар и таа и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната тепарија за жал почина денеска, пред неколку часа, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Веко Филипче.

Тој додаде дека починатата пациентка била на 66-годишна возраст и оти во историјата имала податок дека прима хронична терапија за хипертензија.

Таа и нејзиниот сопруг беа дијагностицирани позитивни на коронавирус на 6 март. Тие во земјава допатувале од Италија. Првично беа во стабилна состојба, но потоа на жената и се влоши здравствената состојба и беше поставена на респиратор.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица. сст/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Неколку кражби на грозје, лук и праски од земјоделски имоти годинава во Тиквешкиот регион