Утрински Весник
Свет

Третата руска вакцина против коронавирус пристигнува во декември

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Клиничките испитувања на третата руска вакцина против коронавирус, што ја развива научниот центар „Чумаков“ на Руската академија на науките, ќе бидат завршени до декември, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

„Сега е добиена дозвола за првата и втората фаза на клинички испитувања, кои се спроведуваат во медицински установи во Новосибирск, Санкт Петербург и Киров. Се претпоставува дека клиничките испитувања на вакцината ќе завршат до декември“, рече Голикова и додаде дека во тој случај Русија ќе има три вакцини против коронавирус.

Клиничките испитувања на инактивираната вакцина развиена од центарот „Чумиков“ започнаа во Новосибирск на 6 октомври. Вакцините од овој тип (мртва вакцина, целосен вирион) користат или вештачки ослабени вируси кои не се во можност да предизвикаат болест или веќе убиени вируси (инактивирани).

Голикова рече дека сите волонтери се чувствуваат добро. Втората фаза од испитувањето, во која ќе бидат вакцинирани 285 волонтери, ќе започне на 19 октомври.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк