Утрински Весник
Спорт

Тренинзите на најдобрите македонски каратисти достапни на „you tube“ каналот на КФМ

Тренинзите на најдобрите македонски каратисти достапни на „you tube“ каналот на КФМ
Dik 300x250 mk

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Најуспешните македонски каратисти, дел од нив освојувачи на европски и светски медали, преку „you tube“ каналот на Карате федерацијата на Македонија, презентираа дел од своите вештини во услови на изолација, спроведуваа модифицирани тренинзи, во спалните и дневните соби, во дворовите, во затворен или отворен простор, секој според можностите, согласно препораките на надлежните институции.

Придобивки од овие активности на КФМ се одржување на спортистите во солидна подготовка; порака до целото население дека секој може да одвои време и простор и да вежба во домашни услови; позитивно влијание на духот кај сите кои ги практикуваат вежбите и кај останатите.

-На овој начин испраќаме порака како здрав спорт, кој е склоп на ментални и физички вежби за јакнење на телото и духот на секој кој го практикува, а сето тоа влијае и на расположението, а пред се на здравјето на сите. Деновиве ќе продолжиме и со помладите спортисти, како и дел од поискусните, кои се активни во услови на изолација, соопштија од КФМ.

Ваквите активности, во услови кога нема натпревари, КФМ ги презентира минатата недела на видео-конференцијата со претседателот Светската карате федерација (WKF), Антонио Еспинос. Оваа идеја се спроведува во некои земји на регионално ниво, па и пошироко. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен