Утрински Весник
Спорт

Тренер и инфлуенсер – 200.000 евра само за најава на Инстаграм

Тренер и инфлуенсер – 200.000 евра само за најава на Инстаграм
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Францускиот стратег во редовите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е со сигурност една од омилените личности во светот на фудбалот. Имаше многу успешна играчка кариера, но по истиот пат продолѓи и на кормилото на Кралскиот клуб од Мадрид.

Иако играчката кариера му заврши пред 15 години, се уште е многу популарен во целиот свет. Тоа најдобро го покажува фактот што заработува големи пари од спонзорски договори.

Угледна „Марка“ денеска соопшти дека дошле до сумата која популарниот Зизу ја заработува од една објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Тој на оваа друштвена мрежа има 27.8 милиони следбеници и е многу понапред во споредба со своите колеги од Јуве, Сити и Атлетико, Андреа Пирло, Пеп Гвардиола и Диего Симеоне.

„Марка“ открива дека Зидан заработува по 200.000 евра од само едно споменување на името на брендот во својата најава на Инстаграм.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини