Никола Јокиќ синоќа броеше до 43 поени на мечот што неговиот Денвер го загуби со 112-99 од Бостон Селтикс. Тоа беше трет меч сезонава на кој српскиот центар постигна повеќе од 40 поени.
„Не остана без гориво, туку му треба помош. Играме два дена во низа, а Никола секоја вечер ја носи екипата на грб. Некој треба да му помогне. Мареј се обиде, но имаше 9 загубени топки, а тоа е недопустливо, тој тоа го знае. Никола остави се на паркетот вечерва, кандидат е за МВП, но неможе да е сам, мора другите да му помогнат“ смета тренерот на Нагетси, Мајкл Мелоун.
Јокиќ сезонава има одлична статистика. Постигнува по 27,1 поен по меч, има 11,3 скока и 8,6 асистенции. Притоа процентот на погодени шутеви од игра му е 57, за три поени гаѓа со 39% успешноста, а на линијата за слободни фрлања има процент 87.
И покрај тоа, Денвер се дури седми на Западот со скор 15-12.
> Тренерот на Јокиќ: Секоја вечер сам ја носи екипата на грб, му треба помош <