Утрински Весник
Спорт

Тренерот го плати цехот – Лејкерси го отпуштија Фогел

Тренерот го плати цехот – Лејкерси го отпуштија Фогел

Лос Анџелес Лејкерс ја завршија сезоната во НБА лигата. Сезоната во која Лејкерси влегоа како втори фаворити за шампионската титула на крајот се претвори во вистински дебакл. „Езерџиите“ забележаа 33 победи и 49 порази, не успеаја да изборат ниту место на плејин турнирот.

Прв цехот за катастрофалната сезона го плати тренерот Франк Фогел. Првата негова сезона во Лејкерси беше успешна, ја освои титулата во „меурот“ во Орландо, минатата сезона „езерџиите“ беа елиминирани од Финикс во првото плејоф коло. Фогел како тренер на Лејкерси забележа 126 победи и 98 порази.

Веднаш по синоќешната победа над Денвер 146:141, познатиот НБА инсајдер, Адријан Војрановски, објави дека Лејкерси и Фогел ја прекинале соработката.

Во наредниот период Лејкерси ќе треба да одберат нов тренер. Засега ниту едно име не се поврзува со оваа франшиза.

> Тренерот го плати цехот – Лејкерси го отпуштија Фогел <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен