Утрински Весник
Магазин

Тренди кујни за 2022 година

Тренди кујни за 2022 година

Локдаунот поради пандемијата на коронавирус нè затвори во нашите домови на подолго време, а многумина покажаа интерес за внатрешно уредување.

Празните рафтови со покуќнина во продавниците покажуваат дека овој интерес продолжува, а доколку планирате да го реновирате вашиот дом, можеби ќе ве интересира какви кујни ќе бидат модерни во 2022 година.

Дизајнерката на ентериери Сузан Сера, од Susan Serra Associates, изјави за „Бизнис инсајдер“ дека ќе има сè повеќе и повеќе шпорети со црни керамички плотни.

„Внесување црни акценти без претерување создава изглед кој е модерен и лесен за одржување на дневна основа“, вели таа.

Доколку не сте подготвени за темна кујна, помалите дози на црно, како на пример рачки или дел од елементите, можат да ја донесат посакуваната елеганција.

Популарни ќе бидат и кујните со отворен концепт. „Потребата да се одвои кујната во посебна просторија е застарен концепт и мислам дека нема да се врати во мода во скоро време“, вели Боб Бејкс, главен дизајнер на студиото Bakes & Kropp.

Од друга страна, белите кујни нема да бидат толку популарни. „Целосно белите, супермодерни кујни заминуваат во историјата. Тие се заменуваат со природни тонови и сиви. Овие бои се популарни затоа што даваат впечаток на чистота, но не се ладни како белите“, тврди дизајнерката Андреја Суботовски од „Италкрафт“.

Друга популарна боја ќе биде зелената. „Мислам дека ќе гледаме се повеќе светлозелени и мат зелени кујни. Зелената изгледа убаво со дрвени подови и темни работни површини“, вели Либи Рас од Sharp & Grey Interiors.

Кујнските острови ќе продолжат да бидат популарни. Ова е за очекување со оглед на тоа што тие се многу функционални. „Двојните острови се најпопуларни, но не секој има простор за нив“, истакнува Андреа Делмонико од Trendy.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста