Утрински Весник
Македонија

Трајковски: Од утре зголемена грижа за старите и изнемоштени лица во Делчево

Трајковски: Од утре зголемена грижа за старите и изнемоштени лица во Делчево

Делчево, 15 март 2020 (МИА) –  Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски денеска на прес-конференција најави дека од утре, 16 март, ќе биде зголемена грижата за старите и изнемоштени лица како дел од заштитата против појавата на коронавирусот. За таа цел, следејќи ги препораките од Владата, додаде дека Општина Делчево формира мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени лица во Општината.

– Сакам да ги информирам граѓаните дека од утре секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена, со цел да не се изложуваат на дополнителен ризик од инфицирање со коронавирус, ќе може телефонски да ги контактираат тимовите, секој работен ден од 8 до 18 часот на следните телефонски броеви – 075 367 927 и 075 367 903. Како одговорна Општина, додавам дека сакаме да помогнеме на нашите сограѓани и уште еднаш апелирам да ги почитувате препораките од Министерството за здравство кои гласат „Заштитете се и останете дома“, рече Трајковски

За да се сочува мирната епидемиолошка состојба, Општина Делчево, како што додаде, досега има преземено низа превентивни мерки со цел спречување на појавата и евентуалното ширење на заразата од коронавирусот.

– Согласно препораките од Министерството за здравство, Општината воведе рестриктивни мерки, во смисла на укинување на приемните денови, задолжителна дезинфекција на просториите на Општина Делчево. Одржан е информативен состанок со претставници од месни и урбани заедници за да се информираат за новиот начин на работа на Општината и да се олесни комуникацијата со граѓаните и навремено да се одговара на нивните барања и потреби. Дезинфекцијата на училиштата и градинката ќе заврши во текот на утрешниот ден, а редовно ќе се мијат и улиците, додаде Трајковски.

Градоначалникот апелирше до сите граѓани да го намалат движењето во институциите, освен за итни и неодложни работи, движењето надвор од своите домови да го сведат на минимум, единствено за неодложни и итни потреби. На сите лица кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и на граѓаните кои се сомневаат дека имаат симптоми на коронавирус, им препорача да се јават на броевите: Ало докторе 02 15 123, Центар за јавно здравје Кочани 071 373 913. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово