Утрински Весник
Македонија

Трајанов: Македонскиот Устав не може да се менува без реципроцитет од бугарска страна

Трајанов: Македонскиот Устав не може да се менува без реципроцитет од бугарска страна

Македонија ќе прифати измени на сопствениот Устав, само доколку се додаде македонското малцинство во бугарскиот Устав, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, за софиски „Дневник“, во текстот под наслов „Новиот пристап на Софија кон Скопје е патека во ‘вистинска насока’, но со опасни свиоци“.

На прашањето како ќе гласа во Парламентот доколку се постави барањето за вметнување на Бугарите во Уставот, Павле Трајанов е дециден дека тоа е можно само со реципроцитет.

Без оглед на фактот дека бугарскиот Устав не предвидува можност за признавање на малцинства, лидерот на ДС смета дека ова прашање може да се реши само со рамноправен пристап на двете страни.

Можете да прочитате

Освежување во врвот на СДСМ, избрани нови членови на ЦО и ИО

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

СДСМ: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија