Утрински Весник
Свет

Трас: Ако станам премиерка на Британија ќе сторам се Путин да претрпи стратешки пораз

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска изјави дека ќе биде најдобра пријателка на Украина доколку стане нов премиер.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека веднаш ќе му се јави на претседателот на Украина Володимир Зеленски. Трас рече дека ќе работи со сојузниците за да испрати повеќе оружје и хуманитарна помош во Украина.

„ Како премиер, ќе бидам најголемиот пријател на Украина, по примерот на Борис Џонсон, и целосно ќе се посветам на тоа (рускиот претседател Вадимир) Путин да не успее во Украина и да претрпи стратешки пораз, како и на тоа Русија да биде ограничена во иднина“, рече таа во соопштението.

Можете да прочитате

Европа со јасна порака до Трамп: Сам реши го проблем, ова не е наша војна

Повеќе од 30 часа траел пожарот на американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“

Две лица застрелани во бистро во близина на аеродромот во Франкфурт