Утрински Весник
Спорт

Трансферот на Миовски во Абердин е вреден половина милион фунти

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски направи трансфер од унгарскиот МТК во Абердин и во наредните четири години ќе игра во Шкотска. Медиумите на Островот ја открија и вредноста на трансферот.

Според шкотските медиуми, Абердин за Миовски платил отштета од 536.000 фунти. Тој е засега најскапото засилување на Абердин во овој летен преоден рок.

Бојан Миовски неодамна постигна два гола за репрезентацијата на Македонија во триумфот од 4:0 против Гибралтар, во Лигата на нации.

> Трансферот на Миовски во Абердин е вреден половина милион фунти <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата