Утрински Весник
Спорт

Трансферот на Лаказет во Атлетико зависи од Диего Коста

Трансферот на Лаказет во Атлетико зависи од Диего Коста

Мадрид, 15 април 2020 (МИА) – Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид, е заинтересиран за напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет, како една од трансфер целите, пренесува „АС“.

Според шпанскиот портал, трансферот на 28-годишниот Французин во мадридскиот клуб зависи од тоа дали Диего Коста ќе ги напушти „јорганџиите“. Пријавено е дека во случај на продажба на Шпанецот, Атлетико ќе се фокусира на преговори за Лаказет.

Во сезоната 2019/20, Лаказет има девет голови и три асистенции на 26 натпревари за Арсенал.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Французинот на 48 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство