Утрински Весник
Спорт

Трансродовите особи повеќе нема да се натпреваруваат во женска конкуренција

Dik 300x250 mk

Меѓународната федерација за пливање и ватерполо (ФИНА) го официјализираше новото правило, според кое трансродовите лица повеќе нема да можат да се натпреваруваат во женска конкуренција.

Натпреварувачката Лиа Томас, која пред неколку години го промени полот во женски, досега можеше да се бори со биолошки дами и на тој начин, поради својата физичка конституција и сила, доминираше на пливачките патеки. Ова наиде на отпор кај јавноста и самите учесници, а ФИНА реши да ги промени правилата.

Така, трансродовите лица, со акцент на оние кои го промениле полот од машки во женски, повеќе нема да можат да се натпреваруваат со жени, туку ФИНА ќе воспостави посебна категорија наречена „отворено“, во која ќе се натпреваруваат трансродовите лица.

Исклучок ќе бидат само оние лица кои до 12-годишна возраст го промениле полот.

> Трансродовите особи повеќе нема да се натпреваруваат во женска конкуренција <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата