Утрински Весник
Свет

Трамп ќе ја објави својата кандидатура по изборите за Конгресот во 2022 година

Трамп ќе ја објави својата кандидатура по изборите за Конгресот во 2022 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе донесе одлука за повторно кандидирање за Белата куќа по изборите за Конгресот во ноември следната година.

„Ројтерс“ пренесува дека Трамп за „Фокс њуз“ изјавил дека во моментов е посветен на помагање на колегите републиканци во обидот да ја повратат контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот на изборите во 2022 година и дека верува дека има многу добри шанси за тоа.

Трамп истакна дека одлуката за новата кандидатура за Белата куќа ќе ја донесе по тие избори и дека истражувањето на јавното мислење покажува дека неговите приврзаници се подготвени да го поддржат доколку повторно влезе во трка за претседателски мандат.

Поранешниот американски претседател исто така рече дека ќе спроведе кампања на изборите во 2022 година за кандидати кои го поддржуваат него и неговата политика и против оние републиканци кои ги смета за нелојални.

„Ројтерс“ известува дека за време на интервјуто, Трамп препорачал сите да се вакцинираат против коронавирусот, а неодамнешните анкети во САД покажуваат дека голем број републиканци и приврзаници на Трамп имаат резерви за имунизацијата.

„ Тоа е одлична вакцина. Тоа е безбедна вакцина. И тоа е нешто што работи. Јас би им го препорачал на многу луѓе кои не сакаат да се вакцинираат, и знам дека многу од нив навистина ме поддржуваат”, рече Трамп, кој самиот е вакциниран во јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија