Утрински Весник
Свет

Трамп ќе покрене тужба за изборите во Висконсин: „Имаме јасни докази за незаконитости“

Трамп ќе покрене тужба за изборите во Висконсин: „Имаме јасни докази за незаконитости“

Изборниот штаб на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска ги оспори резултатите од гласањето на претседателските избори во сојузната држава Висконсин и најави тужба пред Врховниот суд, откако гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, вчера ја потврди победата на Џо Бјаден во таа држава.

„Во денешната тужба вклучивме четири случаи со јасни докази за незаконитост, како што е нелегално корегирање на гласачките коверти на лицата кои не се појавиле на гласачките места, присвојување на нерегуларни ливчиња и одржување на илегални избирачки собири наречени „Демократија во парк, се наведува во соопштението од тимот на Трамп.

Висконсин е една од клучните држави во која сегашниот претседател Доналд Трамп ја оспори победата на Бајден и побара пребројување на гласовите.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелските сили елиминираа командант на Хезболах одговорен за испорака на оружје во Либан

Украина бара извинување од Фокс њуз – напишале дека Киев е „руски град“

Трамп им посака среќен Велигден на сите, вклучувајќи ги и „радикалните левичарски лудаци“