Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трамп: Ќе ги помилувам учесниците во нередите на Капитол Хил, ако се кандидирам и победам

Трамп: Ќе ги помилувам учесниците во нередите на Капитол Хил, ако се кандидирам и победам
Img 7972

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека доколку се кандидира и победи на следните избори, би можел да ги помилува учесниците во немирите на Капитол Хил во 2021 година.

„ Ако се кандидирам и победам, тие луѓе ќе добијат фер третман. А ако тоа вклучува и помилувања, ние исто така ќе даваме помилувања, бидејќи тие луѓе се третираат неправедно“, рече Трамп на митинг во Тексас.

Демонстрантите кршеа прозорци и врати во Конгресот, демолираа канцеларии, нападнаа полицајци, во обид да го спречат Конгресот да ја потврди изборната победа на Џозеф Бајден. Повеќе од 700 луѓе се уапсени и обвинети за федерални злосторства, резултат на досега најголемата истрага на Министерството за правда.

Повеќе од 150 лица се обвинети за напад на полицајци, повеќе од 50 за заговор, а обвинети се и членови на екстремно десничарската организација „Чувари на заклетвата“.

Повеќе од 100 полицајци беа повредени, а пет лица загинаа.

Додека неговите поддржувачи го демолираа Конгресот, Трамп ги игнорираше повиците на неговите соработници да ги повикаат бунтовниците да се разотидат.

„Таму имаше многу љубов. Верувајте ми, имаше многу љубов, пријателство и луѓе кои ја сакаат нашата земја“, изјави Трамп неодамна за „Фокс њуз“.

Поранешниот претседател во неколку наврати навести дека би можел повторно да се кандидира во 2024 година.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори