Утрински Весник
Свет

Трамп ја прифати кандидатурата на републиканците за претседателските избори

Трамп ќе учествува на лидерската средба за помош на Либан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прифати кандидатурата на републиканците за претседателските избори во ноември.

Тој беше избран за годинашен кандидат на Републиканската конвенција со гласање на делегатите.

Во својот говор, Трамп рече дека неговиот демократски противник на изборите, Џо Бајден, „не е спасител на американската душа“ и дека ако граѓаните му веруваат, „тој ќе ја уништи големината на Америка“.

Тој им порача на граѓаните да не веруваат дека политичарите ќе ги спасат, туку да веруваат во Бога.

Евангелските христијани се меѓу најсилните поддржувачи на Доналд Трамп.

Тој ја пофали реакцијата на САД на пандемијата на коронавирус, иако федерацијата има најмногу заразени и мртви во светот.

Стотици илјади Американци би умреле, рече Трамп во својот говор, доколку Бајден би бил на власт за време на пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин