Утрински Весник
Свет

Трамп ужива во Флорида, Пенс стана „бездомник“

Трамп ужива во Флорида, Пенс стана „бездомник“

Додека Доналд Трамп се пресели од Белата куќа во прекрасниот имот Мар-а-Лаго во Флорида, неговиот поранешен заменик заврши на улица. Имено, како што пишува Јутарњи лист, поранешниот потпретседател Мајк Пенс и неговата сопруга последните неколку дена спиеле во викендичка на гувернерот на Индијана додека да најдат нов дом.

Во изминатите четири години, Пенс како потпретседател на САД, живееше бесплатно во резиденција финансирана од даночни обврзници.Станува збор за куќа од 19 век лоцирана на територија на американската поморска опсерваторија. Бизнис инсајдер објави дека Пенс и сопругата се сместиле привремено во викендичката на гувернерот на Индијана, Ерик Холкомб, а потоа информациите ги проширија и други медиуми, кои откриваат дека Пенс често се селел и дека покрај гостопримството на Холкомб, Пенс барал покрив над главата од братот Грег Пенса, кој живее во Индијана.

Како е можно Пенс да нема каде да живее? Одговорот лежи во податоците дека тој бил републикански пратеник во Претставничкиот дом на САД од 2001 до 2013 година, по што стана гувернер на Индијана. Тој ја извршуваше оваа функција од 2013 до 2017 година, за кое време живеел во резиденцијата на гувернерот, која ја напуштил во 2017 година кога стана потпретседател.

Според проценки, семејството Пенс немале свој дом повеќе од осум години. Зошто завршија како „бездомници“ не е познато. Можно е тие да биле толку убедени во останувањето на Трамп на власт, а со тоа и на нивниот престој, што едноставно не размислувале што ќе се случи ако треба да се иселат од резиденцијата на потпретседателот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари