Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трамп со осуда за „Твитер“: Мене ми го укинаа профилот, а им се дозволува да објавуваат на талбанци, убијци и диктатори

Трамп со осуда за „Твитер“: Мене ми го укинаа профилот, а им се дозволува да објавуваат на талбанци, убијци и диктатори
300x250 opst2

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ја осуди социјалната мрежа „Твитер“ затоа што, според него, им овозможила на талибанците да се рекламираат, додека неговиот профил бил укинат.

„Срамота е кога ќе помислите дека имате убијци, разбојници и диктатори и… некои навистина мрачни диктатори, држави и на сите им е дозволено да зборуваат, но претседателот на САД, зад кого стојат стотици милиони луѓе, е исфрлен од мрежата“, рече Трамп за „Њузмакс“ во телефонско интервју во средата вечерта.

„Дејли Мејл“ пренесува дека на портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид му било дозволено да ги ажурира податоците за напредокот на исламистите, опишувајќи како талибанските воени единици го освојуваат Кабул.

Другите платформи, како што е „Фејсбук“, не дозволуваат коментари кои промовираат насилство, а тоа важи и за терористичка група како што се талибанците, додава британскиот весник.

Но, до средата навечер, профилот на Муџахид на „Твитер“ беше активен, со повеќе од 322.000 следбеници.

Портпаролот на „Твитер“ рече дека ситуацијата во Авганистан брзо се менува и дека луѓето во таа земја ја користат мрежата за да побараат помош.

Платформата трајно го укина профилот на Трамп на 8 јануари, по немирите што ги предизвикаа неговите поддржувачи во Капитол два дена претходно, а во тоа време имаше повеќе од 80 милиони следбеници.

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне