Утрински Весник
Свет

Трамп: Путин никогаш немаше да постапи така ако јас бев на власт

Трамп: Путин никогаш немаше да постапи така ако јас бев на власт

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп жестоко го обвини својот наследник Џо Бајден за лошо управување со кризата во Украина и тврди дека Владимир Путин никогаш немало да постапи вака доколку тој останеше претседател.

„Ако се управуваше правилно, немаше апсолутно никаква причина воопшто да се случи она што го гледаме денес“, рече поранешниот американски претседател.

„Добро го познавам Владимир Путин и никогаш не би го направил тоа што го прави сега за време на администрацијата на Трамп. Не доаѓа предвид!“ рече Трамп коментирајќи ја наредбата на рускиот претседател за распоредување руски војници во две сепаратистички провинции во источна Украина.

Американската опозиција ја критикуваше блискоста на Доналд Трамп за време на неговиот мандат со рускиот претседател Владимир Путин.

По првите претпазливи санкции насочени кон сепаратистичките проруски области во Украина, Белата куќа најави ќе го заостри одговорот кон Москва.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка