Утрински Весник
Свет

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата на коронавирус.

Кога излегувал од Белата куќа рекол пред новинарите: „Кога сте во болница….мислам дека се очекува да носите маска“.

Од почетокот на пандемијата во САД заразени се над 3,2 милиони Американци, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите да носи маска во јавност.

Анонимни извори блиски до Трамп рекле за АП дека претседателот се плашел дека со маска ќе делува слабо и дека вниманието ќе биде на здравствената криза а не на економското закрепнување, на што тој инсистира.

Носењето маска во САД стана уште една политичка линија на раздвојување бидејќи демократите на чело со водечкиот кандидат Џо Бајден, носат, а републиканците не сакаат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Германија ќе се плаќа за да се добие совет во продавница

„НАСА ја испраќа ‘Артемис II’: Прв лет со екипаж околу Месечината по 50 години“

Тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија