Утрински Весник
Свет

Трамп: Одлука за кандидатура по изборите за Конгресот во 2022 година

Трамп: Одлука за кандидатура по изборите за Конгресот во 2022 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе донесе одлука за своето повторно кандидирање за Белата куќа по изборите за Конгресот во ноември следната година.

„Ројтерс“ пренесува дека Трамп за „Фокс њуз“ изјавил дека во моментов е посветен на помагање на колегите републиканци во нивниот обид да ја повратат контролата врз Претставничкиот дом на САД и Сенатот на изборите во 2022 година и оти верува дека има многу добри шанси за тоа.

Трамп потенцираше дека ќе донесе одлука за новата кандидатура за Белата куќа по тие избори и дека истражувањето на јавното мислење покажува дека неговите приврзаници се подготвени да го поддржат доколку повторно влезе во трката за претседателски мандат.

Поранешниот американски претседател исто така рече дека ќе спроведе кампања на изборите во 2022 година за кандидати кои го поддржуваат него и неговата политика, а против оние републиканци кои ги смета за нелојални.

„Ројтерс“ наведува дека за време на интервјуто Трамп препорачал сите да се вакцинираат против коронавирусот, но неодамнешните анкети во САД покажуваат дека голем број републиканци и приврзаници на Трамп имаат резерви спрема имунизација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

НАТО: Поддршката за Украина продолжува