Утрински Весник
Свет

Трамп одби да учествува во виртуелна дебата

Доналд Трамп номиниран за Нобелова награда за мир
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако беше објавено дека втората дебата меѓу кандидатите за претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден ќе биде виртуелна, сегашниот претседател одби да учествува во соочувањето.

Трамп рече дека не сака да губи време на виртуелна дебата, која, како што тврди, треба да го „заштити“ неговиот ривал.

Тој истакна дека не го прифаќа новиот, виртуелен формат објавен од комисијата.

„Нема да учествувам во виртуелната дебата“, нагласи Трамп.

Втората дебата е закажана за 15 октомври, а нејзин модератор ќе биде Стив Скали, извршен продуцент и политички уредник на мрежата C-Span Networks.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода