Утрински Весник
Свет

Трамп не ја исклучи можноста да затвори повеќе кинески конзулати

Трамп не ја исклучи можноста да затвори повеќе кинески конзулати

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да затвори дополнителни кинески конзулати по затворањето на дипломатскиот објект во Хјустон, Тексас, оставајќи простор за понатамошна ескалација додека се зголемуваат тензиите меѓу двете нации, пренесува РТ.

Оваа изјава доаѓа по одлуката на Стејт департментот да му нареди на кинескиот конзулат во Хјустон да затвори во рок од 72 часа за да се заштитат американската интелектуална сопственост и Американците.

„Претпоставувам дека палеа документи и палеа хартии“, рече Трамп, осврнувајќи се на персоналот на кинескиот конзулат.

Пекинг го критикуваше овој потег како невидена ескалација, обвинувајќи го Вашингтон за малтретирање на кинескиот дипломатски и конзуларен персонал во САД, истовремено ветувајќи дека ќе одговори со цврсти контрамерки ако одлуката не биде повлечена.

Претходно, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, изјави дека Кинеската амбасада во Вашингтон добила закани со бомба и смрт како резултат на лагите и омразата што ги пропагира владата на САД. Таа ја осуди, како што кажа, погрешната одлука за затворање на конзулатот во Хјустон, исто така предупредувајќи за одмазда од Пекинг.

По годините на горчливи трговски спорови и реципроцитетните тарифи, односите меѓу Вашингтон и Пекинг дополнително се влошија во последните месеци со тоа што САД почнаа со реторичка и политичка офанзива насочена кон наводни злоупотреби на правата во Хонг Конг и Сјинџијанг, како и кинеската реакција на пандемијата на коронавирус.

Во тоа време, администрацијата на Трамп воведе постојан прилив на санкции, агресивно законодавство и непријателски потези кон кинеските дипломати и медиуми, во некои случаи поттикнувајќи одмазда од Пекинг.

Американската армија, пак, продолжува да спроведува мисии за слобода на навигацијата во Јужното и Источното Кинеско Море, распоредувајќи арсенал од поморски средства и воздушна моќ во дворот на Пекинг, потези осудени од Кина како кршење на нејзиниот суверенитет.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата