Утрински Весник
Свет

Трамп не се откажува: Не се борам за себе, туку за тие што гласаа за мене

Трамп не се откажува: Не се борам за себе, туку за тие што гласаа за мене

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека не се бори за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласале за него.

„Не се борам за себе, се борам за 74 милиони луѓе ( не вклучувајќи ги бројните гласови за Трамп кои се фрлени), кои гласаа за мене“ напиша Трамп.

Тој од гувернерот на Џорџија побара итна реакција во врска со проверката на гласачките листи во таа сојузна држава, наведувајќи дека тој може лесно да го стори тоа.

„ Зошто Брајан Кемп, гувернерот на Џорџија не ги искористи своите овластувања кои ги има за итни ситуации, што лесно може да го стори, да го надвладее својот тврдоглав државен секретар и да ги провери потписите на писмата. Тоа би бил златен рудник на измами и лесно би ја освоиле државата“ пишува Трамп.

Тој истакнува дека би требало брзо да се провери бројот на писма и бројот на гласачки листи.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор

Русија на Велигден изврши 46 воздушни напади и 900 гранатирања врз Украина

Енормни покачувања на чоколадото и чоколадните јајца во Германија