Утрински Весник
Свет

Трамп нема да оди на инаугурацијата на Бајден

Трамп нема да оди на инаугурацијата на Бајден

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно почна да објавува твитови откако „Твитер“ привремено му го блокира профилот.

Тој откри дека нема да дојде на инаугурацијата на неговиот наследник, Џо Бајден, на 20 јануари.

„За сите што прашаа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, објави Трамп.

„Твитер“ му забрани на Трамп да објавува твитови 12 часа по насилниот упад на неговите приврзаници во зградата на Капитол во Вашингтон, каде се наоѓаат Конгресот и Сенатот.

„Фејсбук“, за разлика од „Твитер“, му забрани да објавува постови до крајот на неговиот мандат.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп размислува за преземање на островот

Француски медиуми: НАТО привремено ги повлекува трупите од мисијата во Ирак

Америка распоредува илјадници дополнителни маринци на Блискиот Исток