Утрински Весник
Свет

Трамп најави дека денеска ќе помилува некој „многу важен“

Трамп најави дека денеска ќе помилува некој „многу важен“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа најави дека денеска ќе помилува некој што е „многу, многу важен“, пренесува „Њујорк пост“.

Трамп, зборувајќи пред новинарите во претседателскиот авион, не идентификуваше кое е тоа лице, но ги отфрли својот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин и дојавувачот Едвард Сноуден.

Трамп во саботата рече дека темелно ќе размисли за помилување на Сноуден, кој е обвинет за шпионажа, кражба на владина сопственост и за објавување информации од Агенцијата за национална безбедност.

Трамп во мај изјави дека размислува за целосно помилување на Флин, кој се изјасни за виновен за лажење на ФБИ за време на истрагата за претседателската кампања во 2016 година.

Претседателот во минатото го искористи своето овластување за помилување. Тој го помилува поранешниот комесар на њујоршката полиција Берни Керик и му ја намали затворската казна на поранешниот гувернер на Илиноис  Род Благојевиќ  минатиот април.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме