Утрински Весник
Свет

Трамп: Мирно ќе ја предадемe власта, но борбата за Америка тукушто започна

Трамп: Мирно ќе ја предадемe власта, но борбата за Америка тукушто започна
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Доналд Трамп вети мирно предавање на власта откако Конгресот потврди дека Џо Бајден е победник на претседателските избори.

„Иако целосно не се согласувам со изборните резултати, а фактите ме поддржуваат во, на 20 јануари ќе има мирно предавање на власта“, вели Трамп, не пропуштајќи да ги повтори лажните обвинувања за изборни измами:

„Јас секогаш велев дека ќе продолжиме да се бориме со цел да се осигураме дека се бројат само легалните гласови. Со ова се става крај на најголемиот прв мандат во историјата на претседателствата на САД, но е само почеток на нашата борба да ја направиме Америка повторно голема“, се наведува во соопштението на Трамп.

Претходно, „Фејсбук“ и „Твитер“ избришаа неколку објави на Доналд Трамп во кои, откако неговите приврзаници упаднаа во Конгресот, тој ги повтори тврдењата за украдени избори, ја нарече толпата големи патриоти и напиша дека ги сака.

Покрај тоа, „Твитер“ му забрани на Трамп 12 часа да тивта и објави дека е можно трајно да му се забрани да објавува ако продолжи да поттикнува насилство. „Фејсбук“ му забрани на Трамп да објавува 24 часа.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки