Утрински Весник
Свет

Трамп: Маск е измамник, Маск: Трамп е премногу стар за да биде следниот претседател

Доналд Трамп ги засили своите напади врз извршниот директор на Tesla Inc. Илон Маск, откако Маск рече дека Трамп е премногу стар за да стане следниот американски претседател и дека Трамп треба да „плови кон зајдисонцето“, пренесуваат американските гласила.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот американски претседател рече дека Маск го молел за владини субвенции, во порака на неговата апликација за социјалните мрежи „Truth Social“.

„Кога Илон Маск дојде во Белата куќа барајќи од мене помош за сите негови многубројни субвенционирани проекти, без разлика дали тоа се електрични автомобили кои не возат доволно далеку, автомобили со автопилот што се судираат или ракети кои не стигнуваат никаде и без кои субвенцијата немаше вредност, тој ми рече дека е голем обожавател на Трамп и републиканец. Можев да кажам „клекни на колена и моли се“ и тој ќе го направеше тоа“, напиша Трамп.

Како одговор, Маск на Твитер напиша „Lmaooo“ – кратенка што на социјалните мрежи се толкува како умирање од смеа.

Маск во понеделникот изјави: „Не го мразам човекот, но време е Трамп да ја закачи капата и да заплови кон зајдисонцето“. Маск претходно изјави дека е склон да го поддржи гувернерот на Флорида Рон ДеСантис за претседател во 2024 година и оцени дека ДеСантис лесно ќе го победи претседателот Џо Бајден на изборите.

Забелешките на Маск беа одговор на коментарите на Трамп на политичкиот митинг во саботата, каде што тој го нарече Маск ултимативен лажго затоа што тврдеше дека никогаш не гласал за републиканец до јуни оваа година.

„Ми кажа дека гласал за мене“, изјавил Трамп, според медиумите.

Можете да прочитате

Почнаа руско-украинските преговори во Истанбул

Полска до своите граѓани: Ако е можно, напуштете ја Русија

САД и ЕУ блиску до договор за царини од 15 отсто