Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите две возрасни деца мора да одговорат на прашањата под заклетва во рок од 21 ден.
Њујоршкиот судија Артур Енгорон го осуди Трамп како дел од граѓанската истрага на државниот обвинител, која се води против семејната компанија на Трамп.
Судијата Енгорон од државниот суд на Њујорк во Менхетен пресуди во корист на државната обвинителка Летиша Џејмс, која побара сведочење на Трамп, неговиот син Доналд Трамп помладиот и неговата ќерка Иванка Трамп, пренесува „Ројтерс“.
Судијата изјави дека Џејмс има очигледно право да испрати судски покани и да го испрашува Трамп откако откри многубројни докази за можна финансиска измама.
„ Неодговарањето на судските покани би било јасно прекршување на должноста“, рече Енгорон.
Обвинителката Џејмс рече дека веднаш реагирала на ваквата одлука, наведувајќи во соопштение дека денес победи правдата.
„ Никој нема да смее да застане на патот на потрагата по правда, колку и да е моќен. Никој не е над законот“, рече Џејмс.
Последната одлука уследи по двочасовното рочиште на кое адвокатите на Трамп го обвинија Џејмс за селективно гонење и недолично однесување.
Во изјавата, Трамп го нарече обвинението против него лажно и го обвини Џејмс за политичка агенда насочена кон него и неговото семејство.
„ Тоа е продолжување на најголемиот лов на вештерки во историјата – и запомнете, не можам да добијам фер сослушување во Њујорк поради омразата кон мене од страна на судиите и судството. Тоа не е можно!“, рече Трамп во изјавата.
Обвинителката Џејмс минатиот месец рече дека нејзината тригодишна истрага за организацијата на Трамп открила значајни докази за можна измама.