Утрински Весник
Свет

Трамп им одаде почит на жртвите од нападите на 11 септември

Трамп им одаде почит на жртвите од нападите на 11 септември
Dik 300x250 mk

За време на летот со службениот авион, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија им одадоа почит на жртвите од терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Стоејќи мирно во конференциската сала на авионот, тие двајцата заедно со новинарите кои го следат Трамп, за околу 3 илјади загинати одржаа едноминутно молчење во 8 часот и 46 минути по локално време, што го симболизира моментот кога пред 19 години, првиот авион со кој управуваа терористи удри во Светскиот трговски центар во Њујорк.

Како што наведува АП, претседателското летало било на пат кон местото Шенксвил во американската сојузна држава Пенсилванија, каде Трамп ќе одржи комеморативен говор на местото каде на 11 септември 2001 година се урна еден од киднапираните патнички авиони, кога загинаа сите кои беа во него.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим