Американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи трговските ограничувања против Куба до 14 септември 2021 година, како и своите овластувања под ембаргото, објави прес-службата на Белата куќа, пренесува РТ.
Во објавената изјава, американскиот претседател Трамп тврди дека продолжувањето на трговското ембарго е од национален интерес на САД. Трговското, економско и финансиско ембарго на САД против Куба е во сила повеќе од половина век.
White House issues another sanctions-related memo, this one extending authorities under the Trading with the Enemy Act on Cuba for a year. pic.twitter.com/9Zn64J3HQo
— Samuel Rubenfeld ? (@srubenfeld) September 8, 2017
Кон крајот на 2014 година почна затоплување на односите меѓу Вашингтон и Хавана. Потоа, поранешниот американски претседател Барак Обама и кубанскиот лидер Раул Кастро најавија обновување на дипломатските односи. И покрај тоа, американската страна ги продолжи санкциите, но вети дека тие дефинитивно ќе бидат укинати под наредниот претседател на САД.
Но во 2017 година, Трамп објави построга политика кон Хавана. Тој исто така се закани дека ќе ги поништи договорите склучени од Обама како дел од нормализацијата на односите ако Куба не се обиде да ги подобри животите на своите граѓани.
Во август 2018 година, кубанското Министерство за надворешни работи објави извештај дека карипската економија претрпела штета од 134,5 милијарди долари во текот на целиот период на ембаргото, но ако се мери во однос на амортизацијата на доларот во однос на златото, таа бројка ќе изнесува 933 милијарди долари.