Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трагедија во Австралија – куче искаса до смрт петгодишно дете, бабата со повреди додека се обидувала да го спаси

Трагедија во Австралија – куче искаса до смрт петгодишно дете, бабата со повреди додека се обидувала да го спаси
300x250 opst2

Петгодишно дете почина откако беше нападнато од куче и искасано до смрт.

Трагедијата се случила на Бадник, додека момчето и неговата баба биле на имот во езерата Варсити на Голд Коуст во Австралија. По, како што се наведува, наеднаш, неочекувано кучето го нападнало детето, по што тоа итно било префрлено во болница на операција, но починало на операционата маса.

Неговата баба била повредена додека се обидувала да го спаси, пренесува „Мирор“.

Пријател на семејството, започна хуманитарна кампања за собирање пари за таткото на Емануел, за помош за погреб и други трошоци.

„ На 25 декември петгодишниот Емануел или како што го нарекувавме „Мени“ и неговата баба беа нападнати од куче на Голд Коуст. Малиот Мени не го преживеа нападот и покрај сите напори на лекарите“ напиша тој.

„ Ангус е самохран татко кој беше многу посветен да го даде најдоброто за своето дете. Мени беше светот на Ангус. Неговата љубов кон синот беше неизмерна“ додава тој.

Акцијата е иницирана со цел да му се помогне на таткото на трагично повреденото момче во трагично тежок момент.

Службениците за контрола на животните во Градскиот совет на Голд Коуст отстранија две кучиња од местото на нападот, вклучително и мешавина од англиски бул териер и американски булдог.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот