Во јануари 2020 година, актерот Тофер Грејс и неговата сопруга Ешли Хиншоу објавија дека го очекуваат своето второ заедничко дете.
И тогаш, до средината на март, пандемијата на Ковид-19 го смени светот.
Сега, по повеќе од една година неизвесност и самоизолации, ѕвездата на ТВ-серијата „Луди 70-ти“ потврди за „Пипл“ дека тој и неговата сопруга станаа родители по втор пат за време на локдаун.
„Добивме дете за време на карантин и потоа следеше менување пелени“, изјави 42-годишниот Грејс за списанието додека ја промовираше новата серија Home Economics.