Утрински Весник
Спорт

Тотенхем се приклучи во борбата за голманот на Аталанта, Голини

Тотенхем се приклучи во борбата за голманот на Аталанта, Голини

Рим, 19 април 2020 (МИА) – Голманот на Аталанта, Пјерлуиџи Голини може да замине во Тотенхем, објавува „Ла Газета дело Спорт“.

Според изворот, лондонскиот клуб се приклучил во борбата за 25-годишниот Италијанец со Астон Вила и Милан. Тотенхем го бара наследникот на Хуго Лорис, а главниот тренер на Спарс, Жозе Мурињо беше импресиониран од настапите на Голини во Серија А и Лигата на шампионите.

Оваа сезона, Голини одигра 30 натпревари на сите турнири, на кои прими 46 гола. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина