Утрински Весник
Спорт

Тотенхем му понуди договор на синот на Покетино

Тотенхем му понуди договор на синот на Покетино

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Премиерлигашот Тотенхем му понуди договор на Маурицио Покетино, син на поранешниот тренер на „Спарс“, кој исто го носи името  Маурисио Покетино, пренесува „Скај Спорт“.

Деветнаесетгодишниот Покетино јуниор дојде во Тотенхем летото 2017 година од Саутемптон, кој исто така беше предводен од неговиот татко.

Во јули минатата година, напаѓачот потпиша едногодишен договор со англискиот клуб од Лондон.

Управата на клубот е задоволна од настапите на играчот за младинската екипа и сака да го задржи, и покрај тоа што неговиот татко веќе го напушти клубот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали

ПМФЛ: Дербито во Кратово за Шкендија