Утрински Весник
Спорт

Тотенхем лесно се „справи“ со Алиоски и Лидс

Тотенхем лесно се „справи“ со Алиоски и Лидс

Тоа што требаше да биде судир на две фудбалски филозофии, таа дефанзивната на Жозе Мурињо и Тотенхем и офанзивната на Марсело Биелса и Лидс, на крајот се претвори во обратна ситуација – Тотенхем стигна до убедлива 3:0 победа за прекинување на лошата низа од четири меча без победа.

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски имаше несреќна улога да предизвика пенал во 29. минута, кој Хери Кејн прецизно го реализираше, за во 43. минута, Сон Хеунг-Мин да го постигне својот јубилеен 100. гол во дресот на Тотенхем, и на крајот во 50. минута,  Тоби Алдервајрелд со многу среќа да зголеми на 3:0. Лидс не беше толку подреден колку што покажува резултатот, но на крајот прими три гола и си заминува од првата посета на Тотенхем по 16 години со пораз.

Тотенхем со трите поени скокна на третото место на табелата со 29 поени, четири помалку од лидерите Ливерпул и Манчестер јунајтед, додека Лидс се 11. со 23. поени.

Мурињо контра Биелса: Тој сигурно не е фудбалски месија

> Тотенхем лесно се „справи“ со Алиоски и Лидс <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска