Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Тотенхем ги продолжи договорите на двајца играчи

Интер го зема Вертонген како слободен агент
Img 7972

Лондон, 22 јуни 2020 (МИА) – Тотенхем ги продолжи договорите на дефанзивецот Јан Вертонген и голманот Мишел Ворм до крајот на оваа сезона. Договорите на двајцата истекуваа на 30 јуни, но двајцата се согласија да ја довршат кампањата со тимот на Спарси.

Имаше и опција Вертонген веднаш да замине, бидејќи има сериозен интерес од италијанските клубови во Серија „А“.Сепак, Белгиецот одлучи да му помогне на Тотенхем до самиот крај на сезоната, што е многу добра вест за Жозе Мурињо.

Ворм (36) беше ослободен од Тотенхем минатото лето, но потоа лондонскиот тим го врати со договор до крајот на сезоната, поради сериозната повреда на актуелниот голман Уго Лорис.

Тотенхем, исто така, потврди дека Дани Роуз и Кајл Вокер-Петерс, кои играат на позајмица во Њукасл и Саутемптон, исто така, ќе ја завршат сезоната во нивните сегашни клубови.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона