Утрински Весник
Моја Кујна

Топчиња со кашкавал од само 4 состојки

Martina33456

Мои, а и ваши омилени рецепти со само неколку состојки кои се спремаат за експресно брзо време. Тестово не знам веќе уште како не сум го искомбинирала, од пица, сирењак, до крофнички, тортиљи и уште што не.
Постапката ја знаете, измешајте го јогуртот со брашното и пецивото и веднаш формирајте го. Овој пат направете мали топчиња од тестото и на средина на секое ставајте коцка кашкавал или сирење(или фил по желба). Наредете ги топчињата едно до друго, во каква форма сакате во таква, и премачкајте ги со масло. Јас одозгора ставив и сушен магодонос, буковец и сусам, но тоа по желба. Печете во претходно загреана рерна на 220-250 С, околу 15-20 минути или дури не добијат златно кафена боја. Оставете ги сосем кратко да подизладат, и може да ги послужите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascooking) on

Можете да прочитате

Нутриционистите откриваат зошто луѓето имаат потреба од благо

utrinskilogin

Чоколадни бомбици (4 состојки)

Тортиљи со кашкавал