Утрински Весник
Спорт

„Топчиите“ 5 години немаат гостински триумф кај најдобрите во ПЛ

„Топчиите“ 5 години немаат гостински триумф кај најдобрите во ПЛ

Со вчерашниот пораз на Арсенал кај Тотенхем се продолжи неверојатната црна серија од 27 мечеви во низа на кои „топчиите“ немаат победено на гости еден од петте големи ривали во Премиерлигата – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Тотенхем.

Последен пат Арсенал забележа гостински триумф кај една од овие екипи на 18 јануари 2015 година кога го совладаа Сити на „Итихад“. Менаџер на Арсенал тогаш беше Арсен Венгер.

Оттогаш до сега нагости имаат скор од 17 порази и 10 нерешени, и тоа во периодот додека на клупата на лондонскиот клуб беше Унаи Емери, Фреди Љунберг и сега Микел Артета.

Арсенал во вчерашното северно-лондонско дерби водеше со 1-0 против Тотенхем, но играчите на Мурињо направија целосен пресврт, 2-1.

Не само што не се во конкуренција да играат за шампионска титула, „топчиите“ идната сезона нема да се борат ниту во европските натпреварувања.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување

Најдобрата фотографија од Олимписките игри изгледа како фотошоп

По Олимпијадата Надал ќе донесе одлука дали ќе се пензионира