Утрински Весник
Спорт

Топспорт во Порто… ФФМ со премија од 4.5 милиони евра за пласман во Катар!

Топспорт во Порто… ФФМ со премија од 4.5 милиони евра за пласман во Катар!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе им исплати фантастични 4.5 милиони евра на македонските фудбалери доколку вечерва направат уште еден голем подвиг, ја совладаат Португалија и по првпат во историјата се пласираат на едно Светско првенство.

Македонија вечерва во Порто го игра „натпреварот за живот и смрт“, како што го опиша првата ѕвезда на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, во финалето на баражот за Мундијалот во Катар, историска можност која дојде по фантастичната и драматична 0:1 победа над Италија во Палермо.

Момците на селекторот Благоја Милевски имаат доволно мотивација, како и секогаш, да го дадат максимумот за националниот дрес на теренот, но тука доаѓа и веста од федерацијата, која потврдува дека ќе има и богата финансиска награда обезбедена од буџетот на федерацијата.

Покрај ова, вчера, премиерот Димитар Ковачевски вети 500.000 евра од владата за остварувањето на успехот.

Фото: ФФМ

> Топспорт во Порто… ФФМ со премија од 4.5 милиони евра за пласман во Катар! <

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ