Утрински Весник
Македонија

Топло денеска и утре, од среда нестабилно време

Топол бран од утре во државава

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени и УВ-индекс со вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека и утре ќе се задржи топлото време, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Значителна промена на времето ќе има во среда кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток, а од петок времето ќе се стабилизира. хс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

10годишно девојче повредено од заталкан куршум во општина Сарај

Бујар Османи во работна посета на Вашингтон