Утрински Весник
Свет

Топлотен бран во Шпанија со температури до 44 степени

Топлотен бран во Шпанија со температури до 44 степени
Dik 300x250 mk

Топлотен бран го зафати поголемиот дел од Шпанија, а Метеоролошката служба издаде предупредување дека температурата во Мадрид и Севиља ќе биде над 40 степени.

Метеоролозите велат дека топлотниот бран ќе се прошири на истокот од земјата и дека ќе биде поштеден само дел од северниот брег на Шпанија.

Билетите се распродадени за сите 19 надворешни базени во Мадрид, каде што капацитетот е ограничен поради пандемијата на коронавирусот.

Властите ги предупредуваат жителите често да пијат вода, да носат потенка облека и да избегнуваат да излегуваат на сонце.

Метеоролозите предвидуваат дека температурата може да достигне 44 Целзиусови степени во долината Гвадалкивир недалеку од Севиља.

Претходната рекордна висока температура во Мадрид е 40,7 степени Целзиусови, измерена на 28 јуни 2019 година.

Можете да прочитате

Јужна Кореја доби американско одобрение за градба на подморници на нуклеарен погон

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет