Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека вирусот „Ковид-19“ нема да биде елиминиран и дека Британците мора да научат да живеат со него.
Тој, исто така, во интервју за Прес-здружение рече дека шансите се пола-пола дека Велика Британија ќе доживее препород по вирусот во есен, но дека е апсолутно неопходно да се подготви за тоа, пренесува „Би-би-си“.
Блер ја повика владата да ангажира секаква инфраструктура што може да се обезбеди совладување на вирусот, за земјата да не се врати во карантинот што беше во март, април и мај.
Во најновиот извештај на невладината организација на Блер се препорачува воведување масовно тестирање и задолжителна употреба на маски за лице на сите затворени јавни места.
„Ако тестирате само луѓе со симптоми, ги пропуштате луѓето кои се асимптоматски случаи и кои се најголем проблем на оваа епидемија“, рече Блер.