Утрински Весник
Свет

Тони Блер и Џон Мејџор го критикуваа планот за брегзит на британскиот премиер

Тони Блер и Џон Мејџор го критикуваа планот за брегзит на британскиот премиер

Поранешните премиери на Велика Британија Тони Блер и Џон Мејџор го критикуваа планот за брегзит на сегашниот премиер на британската влада Борис Џонсон.

Актуелниот британски премиер, со цел да ги заштити своите трговски интереси, крши дел од договорот со Европската Унија за брегзит.

Во заедничкиот коментар објавен од „Сандеј тајмс“, Блер и Мејџор ги опишаа ваквите намери како шокантни, нагласувајќи дека со толку очигледно запоставување на преземените меѓународни обврски, Велика Британија ќе го изгуби кредибилитетот во светот, наведува порталот „Политико“.

Блер е лабурист, додека Мејџор доаѓа од редовите на конзервативците, на кои им припаѓа и Џонсон, а планот на сегашниот премиер беше критикуван од неговата непосредна претходничка Тереза ​​Меј, која исто така е конзервативка.

Доколку владата не го почитува владеењето на правото, парламентот треба да ја принуди да го стори тоа, наведуваат Блер и Мејџор, кои беа поборници на останувањето на Велика Британија во ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков