Том Хенкс и Рита Вилсон официјално станаа грчки државјани, а на фотографијата, која на социјалните мрежи ја објави грчкиот премиер, тие гордо ги држат своите нови пасоши.
Двојката и нивните деца станаа почесни грчки граѓани минатата година кога официјалните претставници ја истакнаа улогата на Хенкс во подигнување на свеста за пожарите во 2018 година, кои уништија области околу Атина и однесоа повеќе од 100 животи.
Сега грчкиот претседател ја потпиша нивната почесна натурализација и тие добија грчки пасоши.
View this post on Instagram@ritawilson @tomhanks are now proud Greek citizens! ???
„Том Хенкс е личност која покажа вистински интерес за луѓето што страдаа поради пожарите и зборуваше за тоа на глобално ниво во медиумите“, рече грчкиот министер за внатрешни работи, Такис Теодорикакос, за Си-ен-ен во декември.
Starting 2020 as an Honorary citizen of all of Greece! Kronia pola! ( more or less, “happy year!”). Hanx pic.twitter.com/b8fmrgjvYP
— Tom Hanks (@tomhanks) January 2, 2020
Вилсон, која е делумно Гркинка, и Хенкс, кој се преобрати во грчки православец, често ги поминуваат годишните одмори во Грција, каде што имаат имот на островот Антипарос.
Тие исто така имаат продуцирано неколку филмови кои имаат силна врска со Грција, како, на пример, „Мојата грчка свадба“.
„Грција е рај… Јас сум бил во целиот свет, сум бил на најубавите места во светот, но ниедно не се споредува со Грција“, рече Хенкс годинава на „Златните глобуси“.
„Земјата, небото, водата, тоа е за душата, тоа е место што лекува“, додаде тој.