Актерот Том Харди освои два златни медала на турнирот во џиу-џицу во Велика Британија минатиот викенд.
Ѕвездата на Dark Knight Rises се натпреваруваше на турнирот „Реорг опен“ во Вулверхемптон, Англија, и освои две злата: едно во категоријата Ги (традиционални боречки вештини), како и едно во категоријата „Но-ги“.
На настанот, Хард го воодушеви шестгодишниот фан на Веном со тоа што одвои време да го запознае и да се фотографира со него.
Карла Фрост од Вулверхемптон, изјави за „Експрес“ и „Стар“ дека нејзиниот син Оли е воодушевен што го запознал својот херој.
44-годишниот актер е голем љубител на борбени спортови и боречки вештини откако тренираше ММА за неговиот филм „Воин“ од 2011 година и се верува дека е рангиран како син појас во бразилското џиу-џицу.