Утрински Весник
Магазин

Том Харди и Пит Дејвидсон во драма за војната во Виетнам

Том Харди и Пит Дејвидсон во драма за војната во Виетнам
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

30 години по објавувањето на романот за Виетнамската војна „Работите што ги носеа“, бестселерот се сели на големото платно со екипа од sвезди, пренесува порталот „Дедлајн“.

„Работите што ги носеа“ (The Things They Carried) е еден од неколкуте проекти што излегуваат од виртуелниот американски филмски пазар, а Том Харди и Пит Дејвидсон ќе ја предводат актерската екипа, Ним им се придружуваат Тај Шеридан (Ready Player One), Стефан Џејмс (21 Bridges), Бил Скарсгард (IT), Ештон Сандерс (Wu-Tang: An American Saga), Мартин Сенсмаер (Yellowstone), Моис Ариас (The Кing of Staten Island) и Ангус Клауд (Еuphoria).

Книгата ja напиша Тим О’Брајан, главно врз база на сопственото искуство како војник во Виетнамската војна во 23-та пешадиска дивизија.

„Работите што ги носеа со нив“, револуционерно размислување и моќен наратив за војната, меморијата и имагинацијата, освои бројни награди во 1990 година, и беше прогласена за една од книгите на векот на „Њујорк Тајмс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо