Утрински Весник
Магазин

Том Круз не го засегаат коментарите за неговото лице

Том Круз не го засегаат коментарите за неговото лице
Dik 300x250 mk

Том Круз се појави за првпат откако фотографиите на кои присуствува на бејзбол натпревар предизвикаа шпекулации дека има ставено филери на лицето или бил на пластична операција.

Актерот (59) беше забележан во средата како слетува во Лос Анџелес откако управувал со својот авион, а потоа се одвезе со својот мотоцикл.

Слично како кога го гледаше натпреварот од серијата 2 на националната лига во Сан Франциско со неговиот син Конор Круз, лицето на Том сè уште изгледа полно додека го приземјува авионот.

Иако фотографиите станаа вирални, па стана главна тема на твитови и таблоиди, Том не изгледа вознемирен од неодамнешните нагаѓања за неговото лице.

Напротив, ѕвездата на „Топ ган“ и „Невозможна мисија“ е добро расположен додека излегува од авионот со кој самиот управува.

Можете да прочитате

Денес размислете рационално: Дневен хороскоп (06.11.2025)

Денеска се празнува Светиот маченик Арета

Хороскопски знаци кои навидум изгледаат смирено